УЕФА планира победниците во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа да бидат добиени по два мини турнира со учество на четири екипи. Утре се очекува Европскиот фудбалски центар да го одложи Евро 2020. Тоа ќе овозможи домашните првенства да завршат во јуни и јули.
Еве што е вклучено во планот на УЕФА за евро-конкуренцијата. Натпреварите од 1/8-финалето треба да се играат нормално кога ќе се создадат услови додека во четврт-финалето да има само еден меч на неутрален терен. Победниците од тие четири дуели ќе одат на Ф4. Во Лигата на шампионите турнирот ќе се одржи во Истанбул. Истата шема ќе се спроведе во Лигата на Европа а домаќин на завршницата ќе биде полскиот град, Гдањск.
Засега не е јасно дали мечевите ќе се одиграат со присуство на навивачи.

