Претседателот на Европската клупска асоцијација, Андреа Ањели потврди дека Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, дозволила формирање и на трето европско натпреварување.
Станува збор за нов формат кој официјално ќе дебитира во сезоната 2021/22.
Форматот на новото УЕФА натпреварување во моментов е непознат, но се очекува во него да учествуваат 96 екипи и да биде сличен со поранешното издание на Купот на победниците на куповите, кој последен пат се одржа во сезоната 1998/99