Системот „ВАР“ работеше совршено на сите стадиони кои беа домаќини на натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите оваа недела, изјави првиот човек за судиите во УЕФА, Роберто Розети.
Технологијата за видео повторување беше за првпат претставена на најпрестижното клубски натпреварување и беше искористена во некои контроверзни ситуации.
„Многу сум среќен со начинот на работа на „ВАР“, системот функционира перфектно и судиите се на многу високо ниво“, коментираше Розети.
Најмногу се дискутираше за ситуацијата во Амстердам на мечот Ајакс – Реал Мадрид, каде што гол на Ајакс беше поништен од судијата Таљафико поради офсајд на Душан Тадиќ. До моментот кога беше донесена одлуката, играта продолжи речиси три минути. „Најважно е судијата да ја донесе вистинската одлука, прецизноста е поважна од брзината”, рече Розети.