Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага кон Наполи по натпреварот со Ливерпул кој се играше синоќа во Лигата на шампионите.
Наполи успеа да дојде до победа на стадионот „Сан Паоло“ со 1:0, а однесувањето на навивачите на тимот ја натераа УЕФА да започне истрага.
Причината е пожарот во секторот на домашните навивачи. Тимот од Италија исто така е обвинет за нерегуларности на стадионот „Сан Паоло“ со кршење на член 38 од УЕФА за безбедносните регулативи.
Односно немало слободен простор на местата на проаѓање (скалилата). Случаите ќе бидат разгледани на 18-ти октомври, по што ќе биде донесена одлука.