Фудбалската легнда на „Кралскиот клуб“ Уго Санчез не за првпат отворено се предложи самиот за тренер на Реал Мадрид.
„Секогаш сум подготвен да помогнам и да работам во мојот дом, бидејќи Реал Мадрид е мојот дом. Претседателот Флорентино Перез веќе знае низ директен разговор дека сум на располагање да помогнам само доколку тој посака”, изјави 60-годишниот Мексиканец за „ESPN“.
„Во моментов по продажбата на голгетер како Кристијано Роналдо, немаме централен напаѓач. Ќе земам двајца централни напаѓачи. Ако некој не е во форма, ќе го вклучам другиот”, вели Санчез. „Ако Реал Мадрид ме ангажира, нема да го изневерам. Се надевам дека еден ден Флорентино ќе ми даде шанса, како што им даде на Зидан или на Солари”, изјави Санчез.
Поранешниот голгетер Уго Санчез работел како тренер главно во мексикански тимови. Неговото искуство во Европа е скромно со една сезона во Алмерија (2008/2009).