Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Украина сака да биде организатор на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година
    Фудбал

    Украина сака да биде организатор на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година

    risteBy riste09/12/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Украина има искуство во организација на светски и европски првенства и има интерес да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година. Ова го соопшти денеска претседателот на Украина Владимир Зеленски на средбата со претседателот на УЕФА Александар Чеферин, пренесува ТАСС.

    „Украина е заинтересирана да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година. Украинската фудбалска асоцијација исто така размислува да аплицира за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2025 година, Европско првенство во фудбал на плажа за мажи, Европско првенство за играчи до 21 година, Европско првенство за играчи до 17 години, Европско првенство во футсал и финале во Лигата на конференциите“, рече Зеленски. Тој потсети дека Украина, заедно со Полска, успешно беа домаќини на Европското фудбалско првенство во 2012 година и домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.

    Претседателот на Украина го увери Чеферин дека украинската влада, и покрај одредени потешкотии, прави се што е можно за развој на физичката култура и спортот во земјата. Зеленски рече дека во 2022 година ќе започне изградбата на Националната тренинг база за националните фудбалски тимови на Украина – „ултрамодерен комплекс, во кој ќе може да се тренираат и машки и женски репрезентации, како и детски и младински тимови“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.