Мапата и натписот посветен на Крим донесоа проблем на Украина пред стартот на Европското првенство, па тие ќе мора да ги менуваат дресовите. УЕФА одлучи да ја прифати жалбата на Русија поради дресот на селекцијата на Андри Шевченко. Според одлуката на европската куќа на фудбалот, тие ќе мора да го отсранат мапата и написот во чест на Крим.
„После деталната анализа натписот „Слава на нашите херои“ кој се наоѓа на украинскиот дрес очигледно е од политичка природа и поради тоа треба да биде отстранет од официјалните натпревари на УЕФА“– изјавија од европската куќа на фудбалот.
Украина така ќе мора да ги отстрани овие детали за настапите на Европското првенство, но и во останатите официјални натпревари.