Ракометарот, Дмитро Горига, и во иднина ќе го носи дресот на Вардар 1961. Левиот бек од Украина дојде во Скопје пред стартот на сезоната и досега остави одличен впечаток.
„ Како клуб работиме на задржување на сите играчи за кои мислиме дека можат квалитетно да помогнат“ -вели Андрија Нунев кој е оперативен директор на „црвено-црните“.
„Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“ -додаде Нунев.

