Андреј Швеченко кој ја има улогата на тренер на Џенова, доцна синоќа по подолг период се појави на теренот на неговиот поранешен клуб Милан и доживеа големи овации од трибините.
„Секогаш сум среќен кога се враќам на Сан Сиро, пречекот од фановите беше фантастичен, им благодарам. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите на Џенова кои дојдоа тука да го поддржат тимот“, вели Шевченко.
„Животот е составен од подеми и падови, победи и порази. Јас ќе ги извршувам обврските а клубот е тој кој треба да носи одлуки“ – вели Шевченко по вчерашната елиминација во Купот на Италија.