Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Андреј Лунин, иако најавуваше дека сака да си замине од тимот, сега се премисли и потпиша нов договор до 2028 година.
Тој всушност го продолжи постоечкиот кој е валиден до крајот на сезоната. 25-годишниот голман на репрезентацијата на Украина се пресели кај „кралевите“ во 2018 година.
Тој освои 10 трофеи вклучувајќи ги и двата пехара од Лига на шампиони и од шампионатот на Шпанија.

