Фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски може да ја продолжи кариерата во Премиер конкуренцијата.
За него се заинтересирани екипите на: Тотенхем, Вест Хем и Нотингем Форест. Италијанскиот клуб ќе биде подготвен да го пушти играчот за разумна цена. Неговиот трансфер се проценува на околу 15 милиони евра.
Малиновски во тековната сезона во Серија А постигна 1 гол и направи 1 асистенција на 11 натпревари.