Фудбалерот на Перуџа, Садик Умар, кој е во сопственост на Рома, раскажа за неговиот престој во Глазгов Ренџерс во првата половина од сезоната.
Нигериецот кој одигра само 4 натпревари за шкотскиот гигант, изјави, дека менаџерот, Стивен Џерард, не се однесувал добро со него и дека целото време поминато во Шкотска му донело само негативни емоции.
„Првично не сакав да одам таму. Преговорите се водеа меѓу Рома и моите претставници. Кога агентот ми кажа за можноста да преминам во Ренџерс, имав сомнежи дали тоа ќе ми биде од корист. Џерард ми се јави 3 или 4 пати за да ме убеди да ја прифатам понудата. Прво ми рече дека ќе ми помогне да успеам, но, потоа не го испочитува зборот ” – потенцираше Умар.