Самуел Умтити, кој се покажа како непотребен во Барселона, е во најдобра физичка форма во споредба со сите досегашни подготовки во клубот, пренесува весникот „Спорт“.
Ова го покажаа резултатите од тестовите извршени врз каталонските играчи. За жал Роналд Куман, сепак речиси сигурно нема да може да ги искористи квалитети на овој играч, бидејќи се очекува францускиот дефанзивец да си замине од „Камп Ноу“.
Умтити е на „Камп Ноу“ од 2016 година, но неколку последователни повреди и нестабилните настапи го спречија да се наметне како стартер во тимот.