Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити може да оди на операција на коленото што ќе го оттргне од терените во периодот до крајот на тековната година, објавија шпанските медиуми. Французинот страда од повреда која не се третираше како што очекуваа лекарите, па затоа ќе мора да оди на операција.
Умтити не игра од 26 септември, кога Барса беше поразена од Леганес со 2:1. Денес, стигна информација дека тој сигурно нема да игра против Севиља и Реал Мадрид, како и против Интер во Лигата на шампионите.