Дефанзивниот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити, ги негираше сите наводи дека е заинтересиран да си замине од стадионот –„Камп Ноу“ и да направи трансфер во англскиот елитен тим Арсенал.
Иако во текот на летото се појавија одредени вести дека младиот стопер има намера да се активира во Премиер лигата бидејќи не е задоволен од условите во Шпанија, сега Французинoт демантираше дека имал желба да си замине од Барселона.
„Му кажав на мојот агент дека нема потреба да разговара со мене за било каков трансфер. Јас не сум заинтересиран за ништо“ – потенцирал одбранбениот играч на Барселона.