Францускиот централен дефанзивец, Самуел Умтити, изрази голема радост по победата врз Белгија која значеше и пласман во големото финале на Мундијалот во Русија. Корпулентниот играч не крие дека е пресреќен бидејќи е човекот кој го реши мечот.
„Многу сум среќен бидејќи го постигнав веројатно најзначајниот гол во мојата кариера. Тоа е неверојатно, работевме напорно и дојдовме до нашата прва цел “, рече Јумтити кој во пресудниот момент успеа да го добие воздушниот дуел со Маруан Фелаини и да погоди во мрежата на Куртоа.
„Покрај висок раст,треба да имате и желба и решителност. Фелаини е добар играч, но, успеав да ја удрам топката со глава. Не сум маскота на Франција“ вели дефанзивецот.