Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи тимот на Монако, пренесуваат медиумите од Франција.
Според овие информации, Монако ја разгледува кандидатурата на шпански специјалист како можна замена за сегашниот тренер, Леонардо Жардим. Досега Монако не преговарал со Емери, но тренерот е една од приоритетните опции заедно со Торал и Лорен Блан.
Да потсетиме дека 48-годишниот Емери на крајот на ноември беше отпуштен од функцијата главен тренер на Арсенал по низата незадоволителни резултати. Монако досега има освоено 28 бода, го зазема седмото место на табелата во првенството на Франција. Заостанувањето од позицијата која води во Лигата на шампионите е пет бода.