Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УО на ФФМ ги одреди цените на влезниците за контролниот меч со Летонија
    Фудбал

    УО на ФФМ ги одреди цените на влезниците за контролниот меч со Летонија

    risteBy riste24/10/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за пријателскиот натпревар помеѓу А репрезентациите на Македонија и Летонија.

    Цените на влезниците изнесуваат 200 и 300 денари за северната и јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

    ФФМ ќе им овозможи бесплатен влез на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

    Натпреварот Македонија – Летонија ќе се одигра на 13 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и ќе биде последен тест за нашите репрезентативци пред важното гостување во Кардиф кај Велс.

    Исто така УО на ФФМ  донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварите на репрезентацијата до 21 година на Македонија против Шведска и Полска од квалификациите за ЕП 2027. Цена на влезница изнесува 200,00 денари.

    Натпреварот Македонија – Шведска од 5. коло во групата за пласман на ЕП 2027 ќе се одигра на 13. ноември, а на 18. ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола гостува репрезентацијата на Полска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.