Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УО на ФФМ: Горан Станиќ е нов селектор на репрезентацијата до 21 година
    Фудбал

    УО на ФФМ: Горан Станиќ е нов селектор на репрезентацијата до 21 година

    sasoBy saso27/12/2024No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија, Горан Станиќ е назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години.

    Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драги Канатларовски.

    Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за разрешување и на селекторите на останатите македонските младински репрезентации, освен на селекторот на репрезентацијата до 18 години, Ерхан Селими. Селими допрва го почнува мандатот на клупата на македонската селекција до 18 години и нему договорот ќе му биде продолжен.

    На 12. јануари 2025 година на предлог на Горан Пандев – директор на Национални репрезентации и Ѓорги Христов – технички директор ќе бидат доставени предлог имиња за нови селектори на младинските репрезентации.

    Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за дополнување на единствената листа на контролори за 2025 година. Контролорската листа се дополнува со Александар Ставрев, Дејан Јакимовски, Дејан Костадинов, Јосип Бартон и Билјана Миланова. Миланова е ФИФА судија и за прв пат во македонскиот фудбал жена е во структурите на судиската организација. 

    Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев – претседател, Илир Сеља – заменик претседател, Димитар Мечкаровски – член, Дејан Јакимовски – член, Дејан Костадинов – член.

    Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.  

    Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон – претседател, Зоранчо Илиевски – член, Џенан Хајдари – член. 

    Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев – претседател, Бранко Манојлоски – член и Игор Ширилов – член.

    Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев. 

    Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља – делегирање на судии и Билјана Миланова – делегирање на контролори.

    Управениот одбор на ФФМ го усвои барањето на ОФС Струмица за повлекување на суспензијата за ОФС Струмица. Со стапување на сила на оваа одлука престануваат правните и спортските последици на ОФС Струмица;

    Управниот одбор на ФФМ на седницата по добиено известување за определени неправилност во ОФС Охрид, донесе одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен претставник назначен од У.О. на ФФМ со уредно писмено полномоштно, одреден печат и заверен архивски број не произведуваат правни дејства кон ФФМ и истите од страна на ФФМ нема да бидат признати.

    Досегашниот член на Управниот одбор, Лазар Ракиџиев од ОФС Велес поднесе оставка од највисокото тело во ФФМ, од сите тела и органи на ФФМ и општо, најави повлекување од фудбалот. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му се заблагодарува за досегашните активности во ФФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.