Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УО на ФФМ: Таневски именуван за селектор на репрезентацијата до 20 години
    Фудбал

    УО на ФФМ: Таневски именуван за селектор на репрезентацијата до 20 години

    sasoBy saso08/07/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе повеќе важни одлуки поврзани со организацијата на натпреварувањата, а една од точките се однесуваше на одлука за формирање на нова репрезентативна селекција до 20 години.

    –  У.О. на ФФМ донесе одлука за именување на Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години.

    Александар Таневски, во изминатите осум сезони од тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

    Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, истиот успех го повтори со ФК Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Работеше во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса.

    –  У.О. на ФФМ донесе одлука со која Емил Божиновски е именуван за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон е назначен за член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.

    Емил Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален судија со богата кариера на домашната и европската сцена. Судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања. По завршувањето на активното судење, продолжува како контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА. Во рамки на ФФМ, Емил Божиновски, одреден период беше претседател на Судиската комисија, одговорен за организацијата и развојот на судиите, како и за спроведување на стручни семинари и воведување на нови технологии.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.