Фудбалерите на Франција, Упамекано и Адриен Рабио, повторно се во тренинг процес и ќе му бидат на располагње на селекторот Дидие Дешамп за големото финале со Аргентина закажано за в недела во Катар.
Двајцата поради болест не се појавија на полуфиналниот меч со Мароко кој им припадна на „триколорите“ со 2 спрема 0.
Медиумите денеска потврдија дека Рабио и Упамекано биле дел од последните активности на репрезентацијата и дека сигурно ќе бидат на списокот за мечот со „гаучосите“.