Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Управен одбор на ФФМ потврди: 4,2 милиони евра вкупна премија за фудбалерите и стручниот штаб за пласманот на ЕУРО 2020
    Фудбал

    Управен одбор на ФФМ потврди: 4,2 милиони евра вкупна премија за фудбалерите и стручниот штаб за пласманот на ЕУРО 2020

    risteBy riste24/12/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.

    Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство..

    Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.

    Со денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од три милиони и двесте илјади евра за обезбеденото место на македонската репрезентација на Европското првенство.

    Управниот одбор ги усвои предложените критериуми за распределба на наградата, изготвени од директорот на А репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот на македонската репрезентација.

    „Кога ќе погледнеме што сѐ Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во 2020. година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и горди сме на сѐ што заработивме и сѐ што плативме. На капитенот Пандев и соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно да ја одведат Македонија на големо натпреварување“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

    – Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за распределба на средствата од УЕФА солидарен фонд на клубовите од МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 за развој на младинскиот фудбал;

    – Управниот одбор на ФФМ го усвои Правилникот за лиценцирање во УЕФА натпреварувања на клубовите од ЖМФЛ;

    – Управниот одбор на ФФМ ги усвои пропозициите за претквалификацискиот турнир за одредување на македонските претставници за е-ЕУРО 2021 во квалификациите за е-ЕУРО 2021. Турнирот ќе се организира во соработка со македонската Еспорт федерација;

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.