Фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњес, може да добие понуда да замине во Саудиска Арабија.
Наводно, за неговиот потпис е заинтересиран составот на Ал Хилал. Уругваецот беше купен од Бенфика за вкупни 76,6 милиони фунти.
Ал-Хилал сака да го ангажира напаѓачот пред Светското клупско првенство закажано во текот на летото.

