Фудбалската репрезентација на Уругвај направи решавачки чекор кон директните елиминации во Копа Америка по фантастичната победа од 5:0 против селекцијата на Боливија. Со оваа победа, избраниците на Марсело Биелса се најдоа на врвот во групата Ц.
Тоа речиси сигурно значи дека рекордерите на турнирот продолжуваат понатаму, бидејќи имаат три бода повеќе пред второ и третопласираните САД и Панама, а форматот на натпреварувањето ги фаворизира тимовите со подобра гол-разлика.
Факундо Палистри, Дарвин Нуњес, Максимилијано Араухо, Федерико Валверде и Бентанкур беа стрелци за Уругвај.
Панама направи изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД со 2:1. Балогун донесе водство за САД со удар од работ на шеснаесетникот во 22 минута, но Панама се врати само неколку минути подоцна по ударот на Цезар Блекман за 1:1.
На седум минути до крајот, Хозе Фајардо постигна гол за 2:1 и победа на Панама.