Двајца уругвајски фудбалери на Атлетико Мадрид, Луис Суарез и Хозе Марија Хименез се повредија во квалификацискиот натпревар за СП 2022 против Колумбија (0:0).
Луис Суарез удри со коленото во колумбискиот дефанзивец Јери Мина. На коленото на напаѓачот се појави крв, а во второто полувреме Суарез не можеше да игра. Исто така во 59. минута од средбата, Хозе Хименез падна на тревникот и не можеше да ја продолжи средбата. Се наведува дека дефанзивецот има повреда на мускулот. Уругвајските фудбалери на Атлетико ќе треба да поминат лекарски преглед, кој ќе ја утврди природата на нивните повреди.
Во следниот натпревар од Шпанскаота лига, кој ќе се одигра на 17 октомври, Атлетико Мадрид ќе игра на гости кај Гранада. Во моментов оваа екипа е на 2-то место на табелата со 17 поени од 8 натпревари.