Првите луѓе на фудбалскиот состав Јувентус им дозволиле на Бразилците, Сандро и Данило, да се вратат во татковината, пренесува – „Gazzetta dello Sport“.
Тие ќе се вратат кај нивните најблиски додека трае пандемијата на корона-вирусот која досега однесе голем број на животи во Италија. Пред да заврши карантинот во Торино, клубот го напуштија и Даглас Коста, Гонзало Игуаин, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ.
Што се однесува до тројцата играчи на „старата дама“ кои беа позитивни на вирусот, тие се во добра здравствена состојба. Станува збор за Даниеле Ругани, Матуиди и Пауло Дибала.

