Реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Барселона и Наполи кој е закажан на 18 март во Шпанија на стадионот „Камп Ноу“, ќе биде одигран пред празни трибини.
Одлуката е донесена поради опасноста од ширењето на корона-вирусот кој се почесто се среќава и на Пиринеите.
Тоа е петтиот меч во евро-конкуренцијата кој ќе се одигра без публика откако претходно беше објавено дека дуелите: Валенсија- Аталанта (10 март), ПСЖ- Борусија Дортмунд (11 март), Интер –Хетафе (12 март) и Олимпијакос- Вулверхемтон (12 март) ќе бидат реализирани без присуство на гледачи.