Поранешниот фудбалер на Италија, Џанлука Вијали, кој неколку години се бори со рак на панкреасот, бил повторно хоспитализиран со влошена здравствена состојба.
Тешката болест на поранешниот играч на Сампдорија, Јувентус и Челзи, му беше откриена во 2017 година.
Тој во еден период беше ангажиран како помошник на Роберто Манчини во стручниот штаб во фудбалската селекција на „аѕурите“.