Поранешниот напаѓач на Италија, Челзи и Јувентус, Џанлука Вијали, почина на 58-годишна возраст денеска, 6 јануари 2023 година .
Причина за смртта биле последиците од рак на панкреасот. Поранешниот спортист долго време се бореше со ракот, но во пресрет на Божиќ состојбата му се влоши. Вијали последните денови од животот ги помина во болница.
Вијали има 59 настапи за Италија. Со Челзи стана победник на ФА Купот, а го освои и Купот на победниците на куповите. Како дел од Јувентус, италијанскиот напаѓач ја освои Лигата на шампионите. Играше и за Сампдорија и Кремонезе.
На крајот од својата кариера како фудбалер, Вијали беше играч-тренер на Челзи, помошник тренер на италијанската репрезентација и го предводеше Ватфорд. Во летото 2022 година, Џанлука зборуваше за борбата против ракот и призна дека се плаши од смртта.