Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, заработил потешка повреда на мечот со Арсенал одигран во текот на ноќта во така наречениот Куп на шампионите.
Плејмејкерот на „кралевите“ доби сериозен удар во коленото на мечот реализиран во Мериленд а според весникот – „Марка“, тоа може да значи и подолга пауза. Весникот тврди дека 23-годишниот играч од средниот ред може дури да ја пропушти наредната сезона бидејќи ќе му треба подолг период за рехабилитација. Во тој правец води и изјавата на тренерот Зинедин Зидан веднаш по мечот со „топчиите“ кој заврши 2 спрема 2.
„Сите сме загрижени за повредата на Асенсио. Тој е во болница и допрва ќе ги видиме резултатите. Го очекуваме најлошото“ – вели тренерот од Франција. ” .