Синоќешната победа на Манчестер Сити со 3:1 над Вулверхемптон му донесе рекорд на овој тим. Тие станаа првиот тим кој започнал десет последователни сезони во Премиер лигата со победа.
Во четири од претходните девет сезони, тие исто така станаа шампиони на Англија. Како што е познато, натпреварот од првото коло на Манчестер Сити против Астон Вила беше одложен поради учеството на тимот во Лигата на шампионите.
Првите натпревари на Манчестер Сити во Премиер лигата во изминатите 10 сезони:
2020/21 Вулверхемптон – Манчестер Сити 1:3
2019/20 Вест Хем – Манчестер Сити 0:5
2018/19 Арсенал – Манчестер Сити 0:2
2017/18 Брајтон – Манчестер Сити 0:2
2016/17 Манчестер Сити – Сандерленд 2:1
2015/16 Вест Бромвич – Манчестер Сити 0:3
2014/15 Њукасл – Манчестер Сити 0:2
2013/14 Манчестер Сити – Њукасл 4:0
2012/13 Манчестер Сити – Саутемптон 3:2
2011/12 Манчестер Сити – Свонси 4:0

