Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Успешно второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води во Велес
    Домашен микс

    Успешно второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води во Велес

    risteBy riste06/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Овој викенд (5 и 6 април), градот Велес беше домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст, каде што учествуваа најдобрите кајакари од Југоисточна Европа. Натпреварите се одржаа на реката Вардар, каде што природните услови и солидната организација овозможија возбудливи трки и врвни резултати.

    Класик трка – 5 април (Југоисточна Европска лига)

    Во најсилната категорија – К1 сениори, златото го освои Љубомир Спасиќ од Македонија, пред Невен Клеут од Србија и Јосип Слошњак од Хрватска. Во јуниорската конкуренција, прв беше Благој Гугинов (МКД), пред Илија Клеут и Лука Чолич (двајцата од Србија).

    Во Ц1 сениори триумфираше Јанко Пресечки (ХРВ), а во Ц2 категоријата, златниот медал отиде кај македонскиот пар Александар Златаров и Благој Гугинов.

    Кај жените, Јелена Кнежевиќ (СРБ) победи во сениорска К1, додека кај јуниорките најбрза беше Уна Лукич (СРБ). Младите таленти покажаа одлични перформанси, особено Лука Велковски (МКД) и Тамара Драшкович (СРБ) во категориите У12 и У14.

    Меѓу ветераните, се истакнаа Милутин Лукич и Илија Младеновски, а во клубска конкуренција најуспешен беше Кајак клуб „Арка Борец“ од Велес, пред клубовите од Србија – КК Дрина и КК Чачак.

    Спринт трка – 6 април (Европски куп)

    На вториот натпреварувачки ден се одржа спринт трката, која донесе уште повеќе неизвесност и динамика. Во К1 сениори победи Невен Клеут (СРБ), пред Љубомир Спасиќ (МКД), додека третото место го поделија Јосип Слошњак и Александар Златаров.

    Во јуниорската К1 категорија, победата му припадна на Илија Клеут, додека кај Ц1 сениорите најдобар беше Павле Здравкович. Во Ц2 категоријата доминираа Јанко Пресечки и Јосип Слошњак.

    Меѓу жените, Ксенија Плазинич (СРБ) беше најбрза кај сениорките, а Уна Лукич повторно доминираше кај јуниорките. Младите натпреварувачи Андреј Апостолов и Тамара Драшкович се издвоија со златни медали во У14 категориите, а кај најмладите (У12), Павле Лукич беше најдобар.

    Настанот беше оценет како исклучително успешен, и уште еднаш го потврди Велес како важен центар за кајак спортот во регионот. Со голем интерес, силна конкуренција и спортски дух, ова коло на Европскиот куп го остави својот белег и најави уште посилни предизвици во следните натпреварувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.