Традицијата на фудбал и добра дружба меѓу медиумите продолжува и оваа година. Во органзиација на Спортското радио 90.3 фм и оваа година во услови какви што дозволуваат, дел од македонските медиуми ќе ја одржат традицијата на меѓусебна дружба и ќе настапат на новото издание на „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2021“.
Поради пандемијата со Ковид-19, оваа година со скратен список на учесници и број на натпревари. Годинава како учесници покрај Спортското радио 90.3 фм ќе се појават и Сител, Канал 5, Алфа, МРТВ и МТВ 2. Натпреварите ќе се одиграат во еден ден на 23 октомрви (сабота) на теренот на „Кул Арена“ во населбата Кисела Вода.
Традицијата која трае веќе 29 години продолжува. Во духот на спортот, здравиот живот и меѓусебното дружење. И оваа година турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, ЕВН, Фудбалската федерација на Македонија и Град Скопје.