Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Утре започнува 35-та сезона во ПМФЛ, Вардар ќе ја брани титулата!
    Фудбал

    Утре започнува 35-та сезона во ПМФЛ, Вардар ќе ја брани титулата!

    risteBy riste23/07/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Утре стартува 35-тиот Македонскиот фудбалски шампионат кој ни носи намален број на екипи во ПМФЛ, односно 10 екипи кои ќе се борат за шампионската титула и излез во Европа. Во оваа 35-та сезона на ПМФЛ, екипата на Вардар од Скопје влегува како бранител на титулата, а најсериозен конкурент во битката за титулата секако ќе му биде Шкендија од Тетово.

    Вардар е рекордер по бројот на трофеи, вкупно 12, додека Шкендија зад своето име има пет трофеја и е на второто место на листата. За Европа се очекува да се борат неколку  екипи, меѓу кои секако освојувачот на Купот на Македонија – Силекс

    Клубови кои ќе играат во ПМФЛ, сезона 2026/27:
    Вардар, Шкендија, Силекс, Струга ТЛ, Арсими, Башкими, Тиквеш, Скопје, Шкендија Арачиново, Брегалница Штип

    Меѓу екипите кои се натпреваруваат во ПМФЛ оваа сезона на стартот имаме тројца странци и седум домашни тренери: Кристијан Фабијани (Аргентина) е на клупата на Вардар, Бледи Шкемби (Албанија) ќе го води тимот на Струга ТЛ додека Оливер Богатинов (Словенија) е предводник на Тиквеш. На чело на останатите екипи се тренери од Македонија. Шкендија: Артим Положани (Македонија), Силекс: Александар Васоски (Македонија), Арсими: Вилдан Салиу (Македонија), Башкими: Гајур Реџеп (Македонија), Брегалница: Никола Кузманов (Македонија), Скопје: Муарем Муарем (Македонија) и Шкендија Арачиново: Берат Имери (Македонија).

    Сезоната во мак-фудбалот започнува на утре 24 јули со натпеварот меѓу Тиквеш и Арсими кој ќе се игра во 17 часот, а ќе продолжи во сабота на 25 јули со натпреварите на Вардар о Брегалница Ш. И Струга против Шкендија А.

    Во недела ќе бидат одиграни последните две средби од првото коло во кое се среќаваат Силекс – Башкими (од 17 часот) и Шкендија Т. – Скопје кои ќе играат од 19 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.