Капитенот на Холандија, ,Џорџинио Вајналдум, кој погоди два пати на вчерашниот меч со Македонија на Европското првенство, побара максимална мотивираност од сите играчи во репрезентацијата.
„Треба да бидеме фокусирани на настаните на теренот. Имавме одредени проблеми против Македонија. Сега не чекаат потешки мечеви“ – вели Вајналдум.
„Првото место во групата треба да ни даде самодоверба. Треба да одиграме на повисоко ниво во наредните мечеви“ – вели репрезентативецот на „лалињата“.

