Холандскиот фудбалски репрезентативец, Жорџино Вајналдум, кариерата ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ иако имаше усмен договор со Барселона.
Поранешниот играч на Ливерпул сега ќе биде активен три години на – „Паркот на принцовите“ и ќе заработува 8,5 милиони евра по сезона плус одредени бонуси.
Вајналдум кој 5 години беше дел од „црвените“, претходно играше во Њукасл, ПСВ и Феенорд.