Фудбалерот, Џорџино Вајналдум, кој пред само четири месеци се активираше во ПСЖ, вели дека не му се допаѓа статусот што го има во францускиот елитен состав.
Тој во тековнава сезона на само два од вкупно 12 натпревари одигра цели 90-ет минути. За еден меч не беше воопѓшто пријавен.
„Не можам да кажам дека сум среќен бидејќи ситуацијата не е таква. Тоа е фудбал, јас сум борец, морам да останам позитивен и да се наметнам со напорна работа“ – изјави Вајналдум кој деновиве бележи активности со холандската репрезентација.