Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вајналдум ќе го напушти теренот доколку биде расистички навредуван
    Фудбал

    Вајналдум ќе го напушти теренот доколку биде расистички навредуван

    risteBy riste24/06/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Капитенот на Холандија, Жоржињо Вајналдум ја повика УЕФА да преземе посилни мерки против расизмот. Вајналдум се закани дека ќе го напушти теренот во знак на протест доколку стане жртва на расистички навреди од публиката во Арената „Пушкаш“ во Будимпешта за време на неделниот натпревар од осминафиналето на Евро 2020 против Чешка.

    „Размислувам внимателно за таков потег. Веќе најавив дека сум подготвен да го напуштам теренот во случај на расизам. Но, тогаш беше лесно затоа што не се соочив со овој проблем. Но, сега си реков, Жоржи, ќе играш во Унгарија, што ќе сториш ако те навредат? Што ќе се случи ако играте против послаба екипа и навивачите на овој тим ве испровоцираат да го напуштите теренот и да го загубите натпреварот?, Прокоментира Вајналдум.

    Тој додаде дека одговорноста паѓа на судиите и водечките фактори во УЕФА. „Мислам дека ќе се жалам на судијата, но искрено не сум сигурен каква ќе биде мојата реакција во вакво време. Никогаш не сум бил жртва на расизам и се надевам дека нема да ми се случи , но ако тоа се случи, УЕФА треба да реагира“, рече Вајналдум.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.