Џеорџино Вајналдум од денеска е фудбалер на ПСЖ. Тоа што се најавуваше деновиве доби и реализација која е потврдена од страна на францускиот состав.
-ПСЖ со задоволство може да соопшти дека потпиша со Џеорџино Вајналдум. Холандскиот репрезентативец кој доаѓа од Ливерпул, потпиша до 30 јуни 2024“ се наведува во објавата на клубот од Лига 1.
Искусниот фудбалер од средниот ред на – „Паркот на принцовите“ ќе заработува по 9,5 милиони евра на сезона.

