Италијанската Фудбалска Федерација планира да го направи задолжително вакцинирањето на фудбалерите в пресрет на наредната сезона се со цел да се спречи ширење на заразата што би можела да доведе до одложување на натпревари.
Специја ги почна подготовките со десет фудбалери позитивни на корона-вирус, по што целиот тим замина во изолација.
Фиорентина Рома и Сампдорија уште пред почетокот на ЕВРО 2020 ги вакцинираа фудбалерите. Новата сезона во Калчо-лигата започнува на 23 август.