По 11 натпревари, тимот на Арсенал предводен од Микел Артета има само 13 бода, откако синоќа беше поразен во лондонското дерби од Тотенхем со 2:0. Ова е најлошиот старт на клубот во највисоката англиска дивизија од 1981/82 година. Тогаш, Арсенал имаше 12 бода по 11 кола.
„Топчиите“ се на 15-то место по досегашниот дел од шампионат, а на Микаел Арета му се ближи крајот на кормилото.

