Еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, вели дека Французинот, Пол Погба кој настапува за Манчестер Јунајтед, може да биде ангажиран од страна на „белите“ кои најавија голем ремонт во екипата во текот на летото.
Валдано се надоврза на вестите дека тренерот Зинедин Зидан сака да го купи Погба со напомена дека тој трансфер може да донесе предности, но, исто така и голем ризик за играта на шпанскиот тим.
„ Мислам дека Погба би имал мал придонес за подобра игра на Реал. Тој не учествува во креацијата на сликата на теренот, но, убеден сум дека има подобри голгетерски квалитети од сегашните играчи кои делуваат во средниот ред во Реал Мадрид“ – вели еден од легендарните играчи на „кралевите“.