Валенсија прими седум гола во натпреварот од 21. коло на Ла Лига со Барселона со што постави клупски анти-рекорд по бројот на примени голови во шпанското првенство во првата четвртина од 21. век.
Последен пат „лилјаците“ примиле седум гола на еден натпревар пред 70 години или во 1955 година. Тогаш Алавес славеше со резултат 7-0.
Во историјата на Валенсија има два меча кога тимот примил повеќе од седум голови. Во сезоната 1940/1941 година, Валенсија загуби од Севиља со 10:3 а во 1933 година од Атлетик Билбао со 8:2.

