Менаџментот на Валенсија официјално го објави привлекувањето на Максимилиано Гомез од Селта Виго.
22-годишниот Уругвајски голгетер потпиша договор за пет сезони со екипата на валенсија. Според неофицијалните информции, износот на трансферот изнесува околу 15 милиони евра.
Како дел од договорот, напаѓачот на Валенсија Санти Мина оди во екипата на Селта Виго. Во неговиот договор има клаузула за откуп, па оној кој што ќе сака да го купо Макси Гомез ќе треба да плати 140 милиони евра, потврдија од „Местаља“.