Валенсија го отпушти Гарсија

0

Фудбалскиот тренер, Хави Гарсија, заработи отказ од челниците на Валенсија откако тимот од „Месталја“ загуби вчера на домашен терен од Барселона со 3 спрема 2.

Тоа не изненадува бидејќи и претходно имаше најави дека искусниот стратег ќе си замина на крајот на сезоната а целата работа само ја забрза вчерашниот пораз од Каталонците.

Според најавите, на клупата на Валенсија до крајот на сезоната времено ќе седи Салвадор Гонзалес.  Тој ќе ја има улогата на тренер на средбите со Валјадолид, Еибар, Севилја и Хуеска.

Share.

Leave A Reply