Шпанскиот клуб Валенсија ја продолжува соработката со својот досегашен предводник.
Тренерот на екипата Марселино Гарсија Торал го продолжи договорот со клубот за една сезона и ќе остане на „Местаља“ до 30 јуни 2020 година, објави официјалниот сајт на шпанскиот тим.
52-годишниот тренер го презеде тимот на „лилјаците“ во летото 2017 година и под негово водство Валенсија заврши на четвртото место во „Ла Лига“ во сезоната 2017/2018, обезбедувајќи ново учество во Лигата на шампионите.