Алберто Селадес го наследи Марселино Гарсија Торал на тренерската позиција во редовите на шпанската Валенсија. Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, е свесен дека тоа ќе биде голем предизвик.
„Валенсија е голем клуб. Не се плашам од предизвикот иако немам големо искуство во други клубови“ -истакна Селадес.
„Нашата цел е да ги подобриме работите. Јас имам голема одговорност и верувам дека ќе успеам да направам добри резултати“ – вели новиот тренер на тимот од „Месталја“.