Валенсија ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Езекиел Гарај, пренесува веснико „АС“. 33-годишниот Аргентинец е со договор за остатокот од сезоната.
Во јануари, Гарај ќе има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб. Интересот за играчот од страна на Олимпик Лион е веќе познат. Гарај беше привлечен во Валенсија во август 2016 година од Зенит за 24 милиони евра.
Оваа сезона тој учествуваше на 15 натпревари во Шпанското првенство и на 5 натпревари во Лигата на шампионите.