Норвежанецот Оле Гунар Солскјер откако седна на клупата на фудбалскио состав, Манчестер Јунајтед, во континуитет е присутен во медиумите во Англија.
Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ откако го наследи Жозе Мурињо, успеа да наметне победничка атмосферата во тимот. Тој на денешната прес конференција, изјави дека Антонио Валенсија ќе остане капитен до крајот на сезоната.
„Нема да има никакви промени. Антонио Валенсија е капитен. Кога ќе биде целосно подготвен и кога ќе може да игра тогаш ќе ја носи и капитенската лента. Нема многу десни бекови кои знаат да играат офанзивно“ – искоментира Солскјер.