Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Валенсија пред тешка задача на „Местаља“
    Фудбал

    Валенсија пред тешка задача на „Местаља“

    risteBy riste10/03/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италијанската екипа Аталанта е на чекор да постигне еден од најголемите успеси во својата историја. Екипата од Бергамо е на 90 минути од пласман во 1/4-финалето во Лигата на шампионите уште во своето деби во елитното натпреварување.

    Избраниците на тренерот Џан Пјеро Гасперини гостуваат кај Валенсија на „Местаља“ во реваншот од 1/8-финалето. Сепак, Италијанците се огромен фаворит да продолжат понатаму, откако во првиот натпревар на домашен терен остварија импресивна победа од 4:1.

    Во исто време, Валенсија ќе мора да направи чудо доколку сака да оди понатаму во ЛШ. Иако им се потребни три гола, тоа не значи дека Шпанците немаат шанси да ги свртат работите во своја корист. Тие имаат една важна предност во однос на денешниот натпревар, што не треба да се потценува. Тоа е одличното искуство што тимот го има во настапите од Евро куповите. Понекогаш може да биде од голема важност на вакви средби.

    Сепак, Валенсија нема да може да се потпира на својот голем адут, на својата публика. Поради епидемијата на коронавирус, беше решено натпреварот да се игра пред празни трибини. Ова значи дека домашната предност на Валенсија во голема мерка исчезна и тимот нема да може да се потпира на своите лојални навивачи за да им помогнат во оваа тешка мисија.

    Задачата на Шпанците не е лесна. Досега само четири пати тим успеал да продолжи понатаму, откако загубил со три или повеќе голови разлика во Лигата на шампионите. Уште повеќе, Валенсија не може да се пофали со особено добра форма во моментот и има добиено само еден од нивните последни седум натпревари во сите натпреварувања.

    Аталанта во последно време е во одлична форма, со четири победи во сите натпреварувања. Но, проблем за тимот може да биде фактот што тие немале официјален натпревар од 1 март, кога го совлада Лече со 7:2. Од друга страна, исто така тоа може да игра позитивна улога и да им даде шанса на играчите да се одморат, да останат свежи и да се подготват што е можно подобро за денешната средба.

    Во составот на Валенсија за денешниот натпревар ќе недостасуваат повредените Есекиел Гарај, Кристијано Пичини и Максимилиано Гомез, како и казнетиот Габриел Паулиста. Неизвесни до последен момент ќе бидат Елјаким Мангала, Френсис Коклен, Мануел Ваљехо и Родриго. Тоа го прави изборот на тренерот Алберт Селадес многу ограничен и тој ќе ја има тешката задача да го состави најдобриот тим.

    Од друга страна, Аталанта нема скоро никакви проблеми со изборот на играчи за оваа средба, единствено Рафаел Толој се жали на повреда на мускулот, но шансите тој да игра се добри.

    Можни состави:
    ВАЛЕНСИЈА: Силесен, Вас, Диакаби, Мангала, Гаја, Торес, Кондогбија, Парехо, Солер, Гедеш, Гамеиро

    АТАЛАНТА: Голини, Паломино, Калдара, Џимсити, Хатебур, Де Рун, Фројлер, Госенс, Гомез, Иличиќ, Запата

    Натпреварот на стадионот „Местаља“ започнува во 21 часот, а ќе го суди Овидиу Хацеган од Романија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.